Автомобилизам

Фолксваген би можел да произведува електрични модели

Шефот на одделот Р на Фолксваген – Јост Капито, потврди дека Германците ја разгледуваат можноста за развој и продажба на електрично придвижувани Р модели на автомобили. Но, додаде дека таквите модели не би имале никаков смисол доколку не ги исполнуваат сите стандарди кои возилата од семејството Р мора да ги задоволуваат.

Капито додаде дека моментално ниту еден таков проект не добил зелено светло, туку постои идеја темелена на можностите на електричниот погон. Понатаму, вели дека развојот на електричните погонски склопови е неверојатно брз и дека во еден момент ќе се постигне потребното ниво, а тогаш ќе треба брзо да се реагира и брзо да се реализира идејата.

Секако, електричните Р модели би се темелеле на моделите од фолксвагеновите нови модели, но за сега не е решено кој од најавените новитети би ја добил првата можност да биде првиот Р модел. Пресудна ќе биде оцената за тоа кој ќе понуди најдобра комбинација помеѓу перформанси и секојдневна употребливост. Главни кандидати се Hechback I.D. и Crossover I.D. Crozz.

За што и да се решат од Фолксваген секако при создавањето на тој автомобил ќе ги користат сознанијата и искуствата од проектите I.D. R Pikes Peak и учеството на Ауди во формула Е, на кое наскоро ќе се придружи и Порше.

Капито не сакаше да навлегува во проценки кога I.D. R би можел да се појави на пазарот, но првите стандардни I.D. Hatchback во продажба тргнуваат кон крајот на 2019, односно почетокот на 2020. Што се однесува до понудата на Р моделите, се очекува во скорешна иднина да се појават и на моделите T-Roc R, Tiguan R и Arteon R.

Слични написи

Дома направете спреј за брзо одмрзнување на автомобилските стакла

admin

СЕАТ со новите електрични и хибридни модели е подготвен за иднината

Biba

Како гумите на автомобилот да ви траат подолго

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.