Технологија

Играта Fortnite минатата година ја заврши со заработка од 2,4 милијарди долари

Играта Fortnite полека прераснува во своевиден феномен и според бројот на симнувања и според заработката. Имено, тоа е игра која е бесплатна за симнување, а постигна огромна заработка во 2018 година.

Заработката на Fortnite лежи во продажба на скинови и емотеси, додатоци кои се употребуваат при играње на играта. Дури 34% од играчите во САД купиле сезонска battle карта, опција која се појави и во останатите онлајн игри како Rocket League и PUBG.

Fortnite е на врвот на листата според заработка во однос на игрите како Honor of Kings со заработка од 1,3 милијарди долари, League of Legends со 1,4 милијарди долари, Pokemon Go со 1,1 милијарди долари и Candy Crush Saga со 1 милијарда долари заработка.

Освен со заработката Fortnite е на врвот на листата за симнување во САД, Британија и Канада.

Слични написи

WhatsApp со нова десктоп верзија која овозможува видеоповици за групи до 50 учесници

Biba

Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

admin

Тајланд “бомбардиран” со 900 000 семки од дрва

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.