Потребни состојки:
Пандишпан:
3 поголеми јајца
2 чаши шеќер
1 чаша масло
1 лажичка екстракт од ванила
2 чаши брашно
2 лажички цимет
1 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
4 чаши лупени и рендани јаболка (по можност благо-кисели)
3/4 чаша сечкани ореви
Фил:
200-250 г маскарпоне
2 лажички омекнат путер
2 чаши шеќер во прав
Начин на подготовка:
Пандишпан:
- Во голем сад изматете ги јајцата со шеќерот. Кога смесата ќе се згусне додајте ги маслото и екстрактот од ванила.
- Во сад на страна измешајте ги заедно брашното, циметот, прашокот за печиво и солта и додајте ги во смесата со јајца.
- Измешајте добро и на крај додајте ги ренданите јаболки и оревите.
- Печете околу еден час на температура од 180 степени Целзиусови, или додека тестот со чепкалка да покаже дека тестото е испечено.
Фил:
- Во сад изматете го маскарпонето со путерот.
- Додајте го шеќерот во прав и матете додека да се стопи и да добиете мазна смеса.
- Намачкајте го филот врз оладениот пандишпан.
На здравје!