Гастрономија

Салата со брокула и сланина

 

Потребни состојки:

10 ленти сланина

1 главица брокула, разделена на цветчиња

1 главица црвен кромид, исечкан крупно

3 лажици вински оцет

2 лажици шеќер

1 чаша мајонез

100 г сончоглед

Начин на подготовка:

  1. Сланината испржете ја, оставете ја да се исцеди од вишокот масло и потоа исечкајте ја.
  2. Брокулата обарете ја кратко, не подолго од 5 минути и исцедете ја од водата.
  3. Во мал сад направете прелив од оцетот, шеќерот и мајонезот, така што ќе ги измешате убаво заедно.
  4. Во поголем сад ставете ги брокулата и кромидот. Одозгора прелијте ги со преливот и измешајте. Затворете го садот со капак или со фолија и ставете го во фрижидер најмалку два часа.
  5. Пред послужување во салатата додајте ги сланината и сончогледот и измешајте.

На здравје!

 

 

Слични написи

Залчиња од тиквици и фета

Biba

Нугатино торта

Biba

Брзо непечено колаче со путер од кикирики и чоколадо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.