Забава

Најскапа и најпопуларна туристичка дестинација во светот

Според истражувањето на Economist Intelligence Unit (EIU), Сингапур е петта година по ред на прво место на листата за најскапи градови за живеење, но без оглед на тоа тој е и една од најпопуларните туристички дестинации.

EIU, кој ја објавува оваа листа на секои шест месеци, ги споредува цените на 160 производи и услуги, меѓу кои се храна, облека, пијалаци, превоз и комунални услуги.

Сингапур се наоѓа на првото место на листата на најскапи градови за живеење заради силната автомобилска индустрија. Имено, Сингапур е најскапото место на светот за купување и одржување на автомобил. CNN пишува дека во Сингапур владата ја регулира сопственоста над автомобилите со ограничување на бројот на дозволи за движење со автомобил. Од октомври 2017 година дозволите чинат 37 000 долари, а важат десет години.

Освен за купување и одржување на автомобилот, Сингапур е најнеповолно место на светот за купување на облека. И покрај тоа што е најскап град на светот, Сингапур е една од најпопуларните туристички дестинации.

Веднаш зад Сингапур, на листата за најскапи градови се наоѓаат Париз и Цирих, а до десеттото место следуваат Хонг Конг, Осло, Женева, Сеул, Копенхаген, Тел Авив и Сиднеј. Најистакнат американски град на оваа листа е Њујорк кој го зазема 13-тото место, а по него на 14-тото место се наоѓа Лос Анџелес.

Слични написи

Руска инструкторка по нуркање изработува уметнички слики под вода

Biba

Еволуција на женскиот градник низ времињата

Biba

Си најдов паричка: среќа, суеверие или нешто друго?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.