Автомобилизам

Првиот тест на Taycan, електричниот автомобил на Porsche

Porsche на голема врата го најавува појавувањето во производство на електричниот модел Taycan. Медиумите се преплавени со тизери, видеа и фотографии.

Како продолжение на силната медиумска кампања за Taycan, го ангажираа поранешниот рели-возач – Германецот Walter Röhrl, да го тестира и да го каже своето мислење за автомобилот.

Walter Röhrl, како и што му доликува на рели-возач, од самиот старт го возеше пробниот модел до неговите граници и на крајот од возењето изјави дека Taycan е “луд” автомобил и дека во неговата рели кариера не почувствувал таква моќ во автомобил. Кажа дека поради ниското лежење на автомобилот тежината скоро и да не се чувствува, и дека управувањето и кочењето се беспрекорни.

Погледнете го видеото снимено за тестирањето на електричниот автомобил на Porsche.

Слични написи

Најјакиот и најбрзиот Мини

Biba

Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Biba

Волво ги најави моделите XC60 и V60 во хибридна верзија на Полстар

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.