Љубов и секс

Aпстиненцијата од секс ја намалува самодовербата, предизвикува анксиозност и пад на имунитетот

Немањето секс ги погодува подеднакво и мажите и жените. Сексот директно влијае и на психичкото и на физичкото здравје, така што апстиненцијата од него доведува до намалување на имунитетот, предизвикува анксиозност и ја намалува самодовербата.

За време на сексот човечкиот организам создава ендорфин, серотонин и окситоцин, хормони кои помагаат да се чувствувате подобро и поопуштено, па затоа апстиненцијата од секс доведува до лошо расположение и анксиозност. Освен тоа, влијае на психата и доведува до намалување на самодовербата и самопочитта.

“Апстиненцијата од секс може да доведе до недостаток на самодоверба и самопочит, бидејќи ако нема секс нема ни окситоцин, ниту другите хормони заради кои се чувствуваме посакувани и атрактивни”, појаснува психологот Ле Парот.

Сексот е само еден дел од интимноста, така што во периодот на сексуална апстиненција – бакнувањето и држењето за рака, искажувањето на нежност, може да ја задржи блискоста меѓу партнерите.

Истражувачи од Пенсилванија утврдиле дека лицата кои практикуваат секс барем еднаш неделно, имаат 30% повеќе антитела во организмот во споредба со лицата кои имаат нередовен сексуален живот или апстинираат од секс.

Исто така, бројни истражувања покажуваат дека сексуалната активност го намалува ризикот од рак на простата дури за 20%, па затоа со апстиненцијата треба да бидеме исклучително внимателни.

Слични написи

Дали тоа беше оргазам?

dart

Што е тоа „секс на одржување“?

dart

Десет работи кои жените и мажите не ги простуваат во кревет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.