Технологија

SpaseX објави фотографија од првото суборбитално летало

Основачот и директор на компанијата SpaceX Илон Маск, објави фотографија на која се наоѓа пробното летало наречено Starship.

Маск објави дека пробната верзија на “ѕвездениот брод” конечно е составена и завршена на локацијата за лансирање во Бока Чика Вилиџ во државата Тексас во САД.

Ова летало ќе се користи за пробни вертикални суборбитални лансирања, а орбиталната верзија на леталото ќе биде повисока, ќе има подебели ѕидови и поинаку изработен врв. Според Маск, компанијата би требало до јуни да го има првиот орбитален прототип.

Starship е нова класа на летала која ќе ги замени постоечките, а ќе овозможи потенцијални мисии на Месечината и на Марс.

Слични написи

Од Фејсбук размислуваат да го сокријат бројачот на “лајкови”

Biba

New Horizons стигна до Ultima Thule

Biba

Како Самсунг ги крие личните податоци на корисниците од сервисерите на мобилни телефони

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.