Технологија

Како Самсунг ги крие личните податоци на корисниците од сервисерите на мобилни телефони

Случаите во кои хакерите продаваат лични податоци на форуми веќе не се ретки, а тоа може да биде една од причините за чувството на непријатност при оставање на мобилен телефон на сервис. Сепак, Самсунг има решение.

Тоа е режим наречен Repair Mode, кој може да се активира во поставките, односно во делот Battery and Device Care. Самсунг не објави детали за технологијата што ја овозможува функцијата, но познато е дека крие приватни информации, фотографии, пораки и поврзани сметки кога ќе се активира.

Само апликациите што доаѓаат со мобилниот телефон од фабриката ќе бидат видливи за техничарот или сервисерот. За да го вратите пристапот до податоците, доволно е да го деактивирате Repair Mode и да користите еден од начините за потврдување на идентитетот, како што е сензорот за отпечатоци.

Функцијата засега е достапна само за корисниците во Јужна Кореја и за серијата мобилни телефони Galaxy S21, а потврдено е дека доаѓа и за други модели. Исто така, се очекува дека во иднина ќе биде достапен и во остатокот од светот.

Слични написи

Јужнокорејските фабрики брзо ги менуваат работниците со роботи

dart

Русија ќе се двои од светскиот интернет

Biba

HUAWEI MatePad 11 со HarmonyOS сега е достапен на македонскиот пазар во пакет со пенкало и тастатура

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.