Спорт

Македонскиот ракометен шампион Вардар отпатува за Крањска Гора

Македонскиот ракометен шампион  Вардар отпатува за Крањска Гора на подготовки каде ќе остане до 9 август, а потоа заминува за Германија на првиот турнир на кој ќе настапи пред почетокот на сезоната.

Откако ги завршија лекарските прегледи во Скопје и тренираа неколку денови, сега првиот тим на Вардар заминува на планина, на Крањска Гора, Словенија каде ќе ги одржи физичките подготовки.

Со екипата отпатуваа и тројца млади ракометари, Андреј Петковски, Марко Мишевски и Даниел Ставровски. Во Скопје единствено остана Даниел Ѓорѓески кој ќе работи по специјална програма како дел од рехабилитацијата по операцијата на лигаментите на коленото.

Во Словенија ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност на ракометарите. На 9 август се заминува за Германија каде е планирано во перидот од 10 до 12 август да се настапи на турнир.

Според програмата на првиот ден (10 август) во 20.15 часот Вардар ќе игра со Хамбург.

Следниот ден (11 август) во зависност од резултатот од првиот натпревар, ќе се одиграат уште две средби со ривали од другите натпревари. На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

Слични написи

Сеск Фабрегас потпиша за Монако до 2022 година

Biba

Македонија се искачи на првото место во групата

admin

Тенисерката Радванска со само 29 години ја заврши својата кариера

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.