Забава

Плажите во Австралија преплавени со медузи

Илјадници медузи ги преплавија плажите во Квинсленд, Австралија кои обично се присутни при појава на јаки ветрови во тој дел од Австралија. Од таа причина властите ги затворија плажите додека проблемот со наездата на медузи не се реши.

Австралиската спасувачка служба изјавува дека околу 2600 луѓе побарале помош поради опекотини здобиени од медузите.

Се работи за Bluebottle медузи чии опекотини се исклучително болни, но обично не се смртоносни.

Минатата пак седмица, дури 13000 луѓе побарале помош поради истите проблеми што е три пати повеќе од истиот период лани.

Инаку, ваквите повреди од медузи обично се третираат со мраз или топла вода, но во некои случаи потребна е и медицинска помош.

Слични написи

Значењето на Велипеток за христијанството

Biba

Најбогатиот град во Русија

admin

Адреналинските авантуристи наскоро ќе добијат можност да го видат потонатиот Титаник

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.