Спорт

Легендата на светскиот фудбал – Марадона, како да исчезна

Аргентинецот Диего Армандо Марадона, во моментов тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, како да пропадна во земја. Клубот во моментов е без тренер, иако новата сезона започна.

За причините сè уште се шпекулира. Едни велат дека малку повеќе го продолжил празнувањето на Божиќ и Нова година дома, во Аргентина, а другата причина вели дека има проблем со продолжување на договорот со актуелниот клуб и сака на овој начин да изврши притисок врз челниците на клубот.

Додека не се среди доаѓањето на Аргентинецот, негова замена најверојатно ќе биде Хозе Марија Мартинез, исто така Аргентинец.

Дали и кога ќе се појави Марадона, останува да се види.

Слични написи

Страшен пад на двократната светска шампионка

Biba

Годините не ѝ можат ништо на Серена Вилијамс

dart

Хрватите го освоија третото место на СП во Катар

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.