Гастрономија

Пилешко во сос од мед

 

Потребни состојки:

4 парчиња пилешки гради (исечени на залчиња)

1 лажица кафеав шеќер

3 лажици мед

1 лажица ситно сечкан или изрендан ѓумбир

1 1/2 лажица ситно сечкан лук

1/4 чаша соја сос

1 лажица Ворчестер сос

1/2 главица кромид, ситно исечкан

1 лажица сусам

2 страка млад кромид исечкани на тркалца

2 лажици пченкарно брашно

Начин на подготовка:

  1. Месото и кромидот ставете ги во експрес лонец.
  2. Сите состојки, освен пченкарното брашно и соја сосот, измешајте ги убаво со виљушка да добиете конзистентна смеса и со тој сос прелијте ги месото и кромидот.
  3. Вака подготвеното место варете го со затворен капак во експрес лонец 4 минути.
  4. Потоа внимателно отворете го капакот откако ќе ја испуштите пареата. Во сад измешајте го соја сосот со пченкарното брашно (ако сакате луто додајте и лут сос), прелијте го свареното месо и вратете го лонецот на шпорет, кратко да проврие.
  5. Пред сервирање, оставете го месото малку да се олади за да се згусне сосот.
  6. Сервирајте го додека е топло со гарнир од варен ориз.

На здравје!

 

Слични написи

Колкав рок на траење имаат зачините

Biba

Мусака со зеленчук и панцета

Biba

Брзо колаче со ореви

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.