Гастрономија

Мусака со зеленчук и панцета

 

Потребни состојки:

1 помала главица кромид

2 тиквички

4 компири

3 пиперки

2 раце насечкана панцета

2 јајца

малку блитва или спанаќ

павлака за готвење

малку млеко и сирење

сол и зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Панцетата кратко пропржете ја во тава, а компирите сварете ги.
  2. Главицата кромид ситно насечкана наредете ја на дното на садот за печење кој претходно сте го премачкале со малку масло.
  3. Врз кромидот наредете тркалца од 2 компира, па врз него насецкана тиквичка.
  4. Преку тиквичката ставете блитва или спанаќ, потоа панцета, па пиперки.
  5. Следува повторно ред тиквичка, па врз неа преостанатите 2 компира. Додека ги редите состојките зачинувајте и посолувајте по желба.
  6. На последниот слој компири додајте малку сирење, па прелијте со половина чаша вода.
  7. Јајцата изматете ги со павлаката за готвење, сол и малку млеко, и прелијте преку целата содржина во садот.
  8. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени или додека не добие убава златножолта боја.

На здравје!

 

Слични написи

Супербрза мексиканска чорба со пилешко месо

Biba

Повеќето винопијци не можат да ги разликуваат скапите вина од евтините

Biba

Екстремна чоколадна торта

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.