Забава

Најбогатиот град во Русија

 

Град на несоница и мрак, и град до кој не води ниеден пат. Норилск е град поставен над Арктичкиот Круг, кој 8-9 месеци во годината е покриен со снег. Заради синдромот на поларна ноќ кој трае два месеци, анксиозноста, депресијата, несоницата и нервозата се многу честа појава во овој град.

Малку градови се со толку мрачни и ладни зими како Норилск во Русија. Тој е еден од најладните, со температури кои често паѓаат и под 50 степени под нулата. Ладниот период во просек трае 280 дена во годината, а дури 130 денови се исполнети со снежно невреме.

До градот нема пат. Се стигнува со авион, брод или чамец. Додека трае невремето, автобусите за превоз на патници често се расипуваат, но градот секогаш има резервни за да нема застој.

Норилск е град кој се смета за место кое лежи на најголемите наоѓалишта на никел, платина и паладиум. Се смета за најбогат и во исто време најзагаден град во Русија.

Во времето на СССР, во рудниците работеле затвореници, но во денешно време таму работат луѓе кои земаат одлични плати.

Градот има бројни театри, ресторани, кафеани, места каде што жителите можат да го поминуваат своето време.

 

Слични написи

Златен ретривер ја „довлечка“ мачката за групната фотографија

dart

Французин тргна на пат преку Атлантскиот Океан во буре

Biba

Водич за кучиња: Како да го прошетате вашиот човек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.