Спорт

Boxing Day и 30 натпревари во англиската Премиер лига

Англиската фудбалска лига по многу работи се разликува од фудбалот во останатите делови на светот, а она по што најмногу се разликува се познатиот Boxing Day и натпреварите што се играат на тој ден.

Подолго од 120 години трае традицијата англиските фудбалски клубови ден после Божиќ да ги играат лигашките натпревари и на тој начин да ги одбележат празничните денови.

Традицијата потекнува уште од XIX век. И покрај негодувањата дека тогаш играчите непотребно се заморуваат, тешко дека Aнгличаните ќе се откажат од оваа, сепак, убава традиција.

За постоењето на Boxing Day се врзуваат неколку теории, а најпознатата е дека на првиот ден од Божиќ богатите Aнгличани ги дарувале своите слуги.

Во денешно време на Boxing Day влезниците за фудбалските натпревари се со многу поевтина цена, а неретко и сопствениците на годишните влезници ги подаруваат билетите за тој ден.

Но, тоа не е крај на деновите што се празнуваат. Во следните денови ќе се одиграат дури 30 натпревари од Премиер лигата.

Тоа е убавината на Boxing Day во Англија.

Слични написи

Парижаните ја одбија првата понуда од Барселона за Нејмар

Biba

Постигнат рекорд на патеката „Хокенхајмринг“

admin

Адидас официјално ја претстави топката што ќе се користи на EURO 2020

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.