Забава

Во Канада е пронајден дијамант од 552 карати

Ова претставува многу значаен пронајдок и воедно најголемиот дијамант пронајден на северноамериканско тло. Димензиите на дијамантот се 33,74 x 54,56 mm и е значително поголем од дијамантот откриен во 2015 година. Дијамант со оваа димензија е неочекувано откритие за Северна Америка и затоа има огромно значење.

Дијамантот го пронајдоа вработени на компанијата Diavik Diamond Mine.

Планот за дијамантот – откако завршиле сите анализи – е да се исече на помали парчиња и како такви да бидат продадени.

Вредноста на овој дијамант со 552 карати сè уште се проценува, но се знае дека претходниот со 187 карати, откако беше исечен на помали парчиња, имаше вредност од 1,3 милиони долари.

Слични написи

Се продава вилата на Малта во која еден период живеела кралицата Елизабета II

Biba

Тајландски кафе-бар им нуди на посетителите најмеки гушкања

Biba

Американецот Колин О’Брејди е првиот човек што сам го поминал Антарктикот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.