Забава

Се продава вилата на Малта во која еден период живеела кралицата Елизабета II

 

Вилата Гуардамангиа на Малта, во која во периодот од 1949-1951 година живеела англиската кралица Елизабета II, е единствената резиденција надвор од Англија за која таа изјавува дека ѝ бил дом. Периодот во кој престојувала се првите години од бракот со нејзиниот сопруг принцот Филип, кога тој бил стациониран на Малта како офицер.

Оваа вила, претходно позната под името Каза Медина, е лоцирана на периферијата на градот Валета.

Изградена е во 1900 година и се протега на 1560 квадратни метри.

Се продава од агенција за недвижности специјализирана за продажба на луксузни недвижности. Цената по која се нуди е 5,9 милиони евра, но ќе треба и додатно да се инвестира за да се доведе во првобитната состојба.

 

Слични написи

Какви се во кревет хороскопските знаци

Biba

Французин тргна на пат преку Атлантскиот Океан во буре

Biba

Златен ретривер ја „довлечка“ мачката за групната фотографија

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.