Љубов и секс

Живеете заедно, а спиете во одвоени кревети

 

Кога живеете со партнерот заедно, логично е да делите сè, вклучувајќи го и креветот. И додека навечер потонувате во прегратките на партнерот препуштени на галењето и бакнежите, воопшто и не размислувате дали е добро да спиете во различни кревети.

Според истражувањето што го спровеле на Универзитетот Рајрстон во Торонто, врската ќе ви биде постабилна и поздрава доколку спиете во одвоени кревети со партнерот.

Научниците од овој Универзитет утврдиле дека 30-40 % од паровите спијат во одвоени кревети и имаат поздрава и постабилна врска. Така имаат и повеќе време за себе, за лежење во тишина и занимавање со активности кои се однесуваат на нив самите, без да бидат попречувани во тоа и без некому да пречат.

Исто така, спиењето во посебни кревети го подобрува и квалитетот на сонот, а со тоа и расположението. Луѓето кои спијат помалку од седум часа и немаат доволно квалитетен сон се мрзоволни, нервозни и нерасположени, и како резултат на тоа – почесто се караат со партнерот.

 

Слични написи

Зачинете го сексуалниот живот на брз и едноставен начин

Biba

Топ пет афродизијаци од кујната

Biba

Од посилен имунитет и подобра меморија до полесно слабеење

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.