Љубов и секс

Што значи да се биде пансексуалец и во што се разликува од бисексуалец

Многу луѓе не знаат дека се пансексуалци сè додека некој не им го објасни тоа. Луѓето што се идентификуваат како такви велат дека нив не ги привлекува полот кај луѓето туку нивната особеност и дека не се ограничуваат на тоа дали ќе им се допадне женско или машко.

Според разликите и фактите за пансексуалците, откриваме дека пансексуалци има многу повеќе отколку што мислиме.

  • Пансексуалец не е исто што и бисексуалец. Иако постојат многу сличности помеѓу двата поими, постојат ситни разлики што ги одвојуваат. Бисексуалци се луѓе што ги привлекуваат двата пола, додека пансексуалците не ги привлекува полот туку особеностите и енергијата на одреден партнер.
  • Пансексуалците не се збунети. Тие тврдат дека не можат секогаш да знаат што ќе им се допадне кај партнерот. Тие си имаат специфичен тип на партнер и секогаш тежнеат да го пронајдат. Свесни се дека можат да бидат и со женско и со машко и не чувствуваат збунетост во однос на сексуалноста.
  • Не можат да бидат со кого било. Секогаш се греши кога се вели дека пансексуалците можат да бидат со кого било. Тие одбираат партнер кој ќе ги привлече со однесувањето и со карактерот.

Слични написи

Паровите кои се 20 години во брак се посреќни од младите парови

Biba

Митови поврзани со сексот во кои многумина сè уште веруваат

Biba

Најчестите грешки што се прават со кондомите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.