Автомобилизам

Pininfarina PFО ќе има неверојатни 1900 коњски сили

Италијанската компанија за дизајн на автомобили Pininfarina, го најави автомобилот со електричен погон и неверојатни 1900 ks.

Технологијата што ќе се користи во погонот на автомобилот е на познатата хрватска автомобилска компанија Rimac Automobili. Погонскиот склоп за Pininfarina PFО ќе се состои од 4 електромотори, за секое тркало по еден, кои ќе испорачуваат вкупна моќ од 1900 ks и 2300 Nm и со тоа ќе биде еден од најмоќните автомобили на пазарот.

Целата таа сила ќе биде доволна за Pininfarina PFО од 0-100 km/h да стигне за помалку од 2 секунди, односно забрзувањето до 300 km/h биде за помалку од 12 секунди.

Ќе бидат произведени само 150 примероци со цена од 1,8 милиони евра. И покрај високата цена, интересот за овој автомобил е огромен.

Премиерата е најавена за Саемот на автомобили во Женева 2020 година.

Слични написи

McLaren Speedtail со цена од 1,97 милиони долари

admin

Karma го објави новиот тизер за својот ултраелегантен автомобил

Biba

Првиот мотоцикл на Aston Martin

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.