Психологија

Грицкањето нокти не е само грда навика

 

Една од најчестите навики на луѓето кои се наоѓаат под некаков стрес е грицкањето нокти. Многумина тоа го прават несвесно, а понекогаш и свесно, што за резултат има грд изглед на нивните раце и прсти. Меѓутоа, естетиката не е единствениот проблем тука, всушност, таа е најмалиот проблем. Многу повеќе треба да загрижува тоа што преку грицкањето на ноктите, им се отвора слободен пат на бактериите да влезат во крвотокот, предупредуваат германски научници. Под ноктите имаме бактерии како салмонела и ешерихија коли, кои лицето кое грицка нокти може многу лесно да ги внесе во организмот.

Најчесто се работи за автоматска навика која помага да се смирите и опуштите кога сте напнати, но може да станува збор и за сериозно психолошко нарушување. Според психијатарот Петар Фалкаи, потребата за грицкање нокти упатува на лесно изразено компулсивно однесување, или, во потешките случаи, зборуваме за опсесивно-компулсивно нарушување. Проблемот се случува кога лицето кое грицка нокти тоа го прави многу често, секојдневно, или ќе ги изгрицка ноктите до коренот, додека не се раскрвави. Тогаш зборуваме за симптом на болеста, предупредува Фалкаи.

Меѓутоа, според истражување објавено во Journal of Behaviour Therapy and Experimental Psychology, таа навика не е само показател на стрес, туку може да биде и знак дека личноста е перфекционист. Водачот на истражувањето Киеран О’Конор тврди дека перфекционистите често ги грицкаат ноктите кога работите не одат онака како што замислиле, односно, кога не можат да ги остварат своите цели и планови.

 

Слични написи

Препознајте ги раните знаци на дислексија уште на предучилишна возраст

Biba

Покажете им на децата колку е важна грижата за менталното здравје

Biba

Тест на интелигенција од само две прашања

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.