Спорт

Роналдињо остана без пасош

Поради огромните долгови во кои длабоко западна бразилскиот фудбалер Роналдињо, бразилскиот суд донесе решение со кое му се одзема пасошот. Долгот што го има Роналдињо е дури 2 милиони евра. Чудно е тоа што при проверките што ги направија судските власти, на сметките на бразилскиот фудбалер најдоа само 6 евра.

Роналдињо и неговиот брат се осудени и казнети поради градење во забрането подрачје, но заплената на имотот на Роналдињо и неговиот брат не била доволна за да се наплати сумата од казната што за периодот од 4 години драстично се зголемила поради каматите.

Роналдињо привремено остана без својот пасош, најверојатно до моментот кога фудбалерот ќе ја добие сумата за рекламирањето на Најк од која ќе се наплати долгот.

Слични написи

Сантјаго Бернабеу – чудото од 500 милиони евра

Biba

Мурињо: сетете се на минатата сезона, мислам дека беше фантастична

admin

Рома заработи казна поради дискриминирачкото навивање против Наполи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.