Спорт

Мурињо: сетете се на минатата сезона, мислам дека беше фантастична

Жозе Мурињо за прв пат во својата тренерска историја не успеа да победи во четири последователни натпревари на домашен терен.

Неговиот Манчестер Јунајтед не делуваше уверливо против Валенсија, па затоа извлече само реми, и со тоа ја продолжи серијата на слаби резултати на Црвените ѓаволи.

Сепак, Мурињо не сакаше да зборува за резултатската криза на својот тим, туку сакаше да потсети на резултатите од минатата сезона.

“Сметам дека постојат работи за кои е тешко да се говори. Доколку кажам нешто невообичаено, ќе биде уште една причина за да ме критикувате, но нема да ви дозволам. Затоа само ќе кажам дека минатата сезона бевме втори во Премиер лигата и финалисти на ФА купот, бевме први во Лигата на шампиони, и затоа мислам дека тоа беше одлична сезона. Знам и зошто. Ова не е резултатот што го посакувавме, но се виде напредок во одредени сегменти на нашата игра. Во вака тешка група, ако не можеш да победиш, барем гледај да не изгубиш. Знаевме дека нема да направиме 20 шанси, резултатот не е добар, но не е ни лош.” изјави Мурињо по натпреварот.

 

Слични написи

Буфон на прагот на потпишување на договор со PSG

Biba

Мохамед Салах по втор пат прогласен за најдобар африкански фудбалер

admin

Барса со нови дресови

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.