Љубов и секс

Маслиновото масло може да биде поефикасно од вијагра

 

Неколку лажици маслиново масло можат да бидат поделoтворни и од вијагра, кога е во прашање одржувањето на сексуалниот живот на мажите во третата доба. Ова го велат научниците од Универзитетот во Атина.

Наведено е дека само 9 лажици маслиново масло неделно, во состав на здравата медитеранска исхрана во младоста, се доволно за квалитетен сексуален живот на повозрасните мажи, и за намалување на импотенцијата за 40 %.

Грчките истражувачи испитувањето го спровеле на 660 испитаници на возраст од 67 години. Резултатите што ги добиле упатуваат на тоа дека квалитетот на исхраната кај мажите во средната доба, гарантира активен сексуален живот на шеесет и седумдесет години, со нагласок дека маслиновото масло е директна причина за тоа. Ги одржува витални крвните садови и циркулацијата.

Во групата што покажала добри резултати, биле лицата што покрај маслиново масло консумирале и риба, зеленчук и овошје.

Истражувањата покажале дека нивото на тестостерон кај лицата што се хранеле здраво и консумирале маслиново масло во помладите години е поголемо, за разлика од лицата што не воделе сметка за тоа и имале поголема телесна маса.

Здравиот ефект на маслинките и маслиновото масло е познат од поодамна. Го подобрува соодносот на добрите и лошите маснотии, ја подобрува циркулацијата, меѓу другото и кај слабините.

Долгорочна употреба на вијаграта не се препорачува заради низа нуспојави: главоболка, проблеми со видот, болки во грбот.

Ефектот на исхраната наведена погоре е повеќекратен. Ги одржува крвните садови проодни, ја намалува опасноста од метаболитички синдром, штити од зголемување на масното ткиво на стомакот, го регулира холестеролот и крвниот притисок.

Еректилната дисфункција погодува 52 % проценти од мажите на возраст од четириесеттата до седумдесеттата година.

 

Слични написи

Дали тоа беше оргазам?

dart

Се зголемува бројот на дигисексуалци – кои се тие и што ги возбудува?

Biba

Паровите кои се 20 години во брак се посреќни од младите парови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.