Љубов и секс

Се зголемува бројот на дигисексуалци – кои се тие и што ги возбудува?

Дигисексуалци се најновата категорија љубители на чуден секс – интернетот, компјутерите, паметните телефони и технологијата воопшто, многу го сменија начинот на кој живееме и работиме. Голем број луѓе станаа зависни од електронските гаџети, сè повеќе внимание се посветува на виртуелниот свет наместо на реалниот живот.

Оваа зависност во иднина би можела да стане толку распространета, што според мислењето на психолозите и стручњаците за сексуалност, наскоро дел од луѓето ќе можат себеси да се нарекуваат дигисексуалци – лица кои сексуалниот апетит го задоволуваат првенствено во виртуелниот свет со користење на технологија.

Веќе се достапни роботи кои се движат и со кои може да се зборува, кои имаат дури и вградени грејачи за да пружат чувство на топлина, а во порнографијата може да се ужива и по пат на виртуелна реалност со користење на 3Д наочари.

Нил Мекартур, професор на Универзитетот Манитоба од Канада, во неодамнешен разговор со новинари на Телеграф изјави дека со сè поголемиот напредок на технологијата, може да се очекува сè поголем број луѓе кои својот примарен сексуален идентитет ќе го остваруваат претежно преку технологијата, а дел од тие дигисексуалци дури и ќе ја преферираат технологијата и роботите за секс во однос на сексот со вистински луѓе.

Заради тоа, на значаен број луѓе користењето на роботи за секс ќе им стане примарен начин за доживување на сексуално искуство, т.е. наместо со луѓе, ќе се препуштат на секс со роботи кои секогаш ќе бидат спремни на акција и на исполнување на сите нивни желби.

Слични написи

На која возраст жените доживуваат најмногу оргазми

Biba

Секс-вежби за полесно да доживеете оргазам

Biba

Вистината за тоа зошто жените стенкаат додека имаат секс

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.