Спорт

Седум нови дисциплини на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година

Од МОК (Меѓународниот олимписки комитет) излегоа со информација дека на Олимписките игри во Пекинг што ќе се одржат во 2022 година, ќе се воведат седум нови дисциплини.

Извршниот одбор на МОК одобрил во програмата на ЗОИ да се вметнат и женски боб едносед, скокови на голема скокалница во скијање слободен стил за мажи и жени, мешана штафета во брзо лизгање на кратки патеки, како и мешани екипни натпреварувања во скијачки скокови, скијање по грпки и сноуборд крос.

Идејата за додавање на нови дисциплини во програмата на МОК има за цел да се подмладат спортовите, да се внесат новини во спортските дисциплини, и да се постигне рамноправно учество на двата пола во натпреварите.

Застапеноста на спортистките ќе се помести од 41 на 45,44 проценти.

Во 46 дисциплини ќе настапат вкупно 2892 спортисти.

Слични написи

Постигнат рекорд на патеката „Хокенхајмринг“

admin

Легендата на светскиот фудбал – Марадона, како да исчезна

Biba

Адидас официјално ја претстави топката што ќе се користи на EURO 2020

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.