Психологија

Заборавеноста, е всушност, знак на интелигенција

Веројатно сите во животот познаваме некоја личност која во училиште ги учела лекциите после едно читање, додека други се мачеле со денови со една лекција. Меѓутоа, научниците тврдат дека брзото помнење на информации не мора да значи дека личноста е попаметна од другите.

Всушност, се верува дека таа информација не е точна. Интелигенцијата не подразбира нужно и добра меморија. Мозокот функционира на начин така што на некои работи се сеќава, а други ги заборава. Според тоа, заборавањето е темелен дел на интелигенцијата, и еднакво е важно како и помнењето и сеќавањето.

Целта на помнењето не е да се сеќавате на сè, туку одредени информации да ви помогнат во ефикасното и брзо одлучување. Затоа е важно мозокот да ги заборави неважните детали, за да направи место за корисните информации.

Се поставува прашањето – ако нашето тело троши толку многу енергија за да ги зачува спомените, зашто троши енергија и на заборавањето на информациите? Има две објаснувања за тоа.

Пред сè, во свет на секојдневни ажурирања, информациите на кои секојдневно наидуваме брзо стануваат неважни. Мозокот настојува што подобро да ги регулира секојдневните одлуки, а постојаниот наплив на сеќавања може да го отежни тој процес. Заради тоа, заборавањето на информации кои не се релевантни за сегашноста, е потребно за да станете поинтелигентни.

Второто објаснување за заборавањето е прифаќањето на минатото во општ облик и неговото поврзување со новите искуства. Овој процес се нарекува регуларизација и овозможува едноставно следење на низови на основни информации од голем број на податоци, односно, полесна примена на информации од поголем обем.

Затоа не треба да се грижите ако не се сеќавате на некоја лекција по хемија од средно училиште, вашиот мозок ги сортирал информациите кои ви се потребни за поедноставна иднина.

Слични написи

Одгледувањето деца го намалува крвниот притисок

Biba

Наставничка од САД направи табла на која учениците можат да споделат како се чувствуваат

Biba

Кратката дремка го подобрува памтењето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.