Технологија

Машина која од воздух произведува вода

Направата со назив “SkyWater” има способност од воздухот да произведува вода. Изумот е на тим од инженери од Калифорнија кои за него добија награда од 1,5 милиони долари.

Принципот на кој функционира направата е многу едноставен. Во основа, се состои од големи метални котли кои воздухот го кондензираат, и водата претходно пречистена ја складираат во резервоарите како вода за пиење. Направата може да се напојува со соларни панели, така што обезбедува комплетна автономија и можност за користење во области каде нема што струја и водовод.

За инвентивноста на направата и целиот систем, здружението Water Abundance XPRIZE го награди тимот со парични средства.

Направата ќе биде корисна не само за Калифорнија, САД, туку и за целата планета, бидејќи се смета дека во земјината атмосфера има огромни количини свежа вода која чека да биде преработена.

Слични написи

Комплетно замрачување на Сонцето

Biba

Bajaboard Pantera – лудиот електричен скејтборд

Biba

Huawei го надмина најновиот iPhone на тестот за камера

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.