Забава

Принцот Џорџ наполни 5 години

Во недела на 23 јули е роденден на третиот по ред наследник на британската круна, принцот Џорџ. Од Кенсингтонската палата го објавија неговиот официјален портрет по повод роденденот, со порака од неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Фотографијата која ја направи официјалниот кралски фотограф Мет Портеус е објавена на официјалниот профил на Кенсингтонската палата на Твитер заедно со изјава од родителите на принцот Џорџ. Во изјавата се вели: “Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат нова фотографија од принцот Џорџ, за да го одбележат неговиот петти роденден. Ви благодариме на сите за убавите пораки.”

Нека му е среќен роденденот на принцот Џорџ и честитки за неговите горди родители.

Линк до Твитер профилот на Кенсингтонската палата.

Слични написи

Крвната група го открива темпераментот на жената

dart

Ослободете се од наелектризираната облека со помош на едноставен и евтин трик

dart

Бесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.