Забава Технологија

Бесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт

Едукативниот центар за деца „Едуфронт“ најавува бесплатни, отворени, воведни часови за онлајн обуките од Digipath – Дигитални патеки за програмирање, веб дизајн и дизајн. Ваквите отворени настани веќе станаа традиција на Едуфронт и редовно се организираат четврта година по ред, на почеток на секоја училишна година. Преку нив им се дава можност на децата да се запознаат со неколку дигитални вештини и да стекнат основни знаења од истите, соодветни за нивна возраст.

Ги покануваме сите љубопитни ученици од 8 до 14 години да ни се приклучат на часовите за да откријат интересни факти за: програмирањето, веб дизајнот и графичкот дизајн.

Овие часови ќе се одржат на платформата Zoom и учеството е бесплатно. Потребно е само да се направи претходна регистрација на соодветниот линк, по што се добива повратен мејл со линк за приклучување на часот.

Присутните на овие настани ќе дознаат повеќе информации програмата и уписите на  Digipath – Дигиталните патеки за учење за деца: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн, Дигитална патека за графички дизајн и ќе се запознаат со тимот и предавачите.

На часовите децата ќе се ангажираат со воведни активности во почетните обуки од Дигиталните патеки за: програмирање во Scratch и Python, веб дизајн со HTML и CSS, графички дизајн на платформата Canva. Нив ќе ги водат нашите повеќегодишни предавачи со цел учесниците да искусат дел од онлајн Digipath час, да научат нешто ново и интересно и истото веднаш да го применат и покажат. Исто така, секое дете кое ќе учествува на барем еден час ќе добие попуст на цената за упис на редовните, целогодишни Digipath обуки.

Распоредот и линковите за регистрација до бесплатните, воведни часови се како што следува:

ЕДУФРОНТ е едукативен центар за компјутерско образование, посветен на достапно и постојано дигитално учење. Целта на нашите програми за онлајн обуки е децата од основно образование да стекнат разни дигитални вештини за користење на компјутерската технологија. Со усвојување на овие вештини децата полесно ќе се снаоѓаат во современата дигитална ера и ќе се подготват за поуспешно учење и кариера во иднина. Покрај тоа кај децата се развива: логичкото размислување, креативните вештини, способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух.

Уписите за оваа учебна година веќе се во тек и ќе траат до 10 септември или до пополнување на наставните групи. Пријава или интерес за упис може да потврдите преку пополнување на нашата пријава или преку мејл [email protected] или телефонски на 070 700 237.

Слични написи

Објавена листата на најмоќни мобилни телефони

Biba

Зголемен број на повреди со смртни последици заради селфијата

admin

Тојота ќе оди на Месечината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.