Технологија

Тојота ќе оди на Месечината

 

Јапонската компанија за производство на автомобили и други превозни средства Тојота, во соработка со Јапонската вселенска агенција ќе произведе самовозечко ровер возило, кое ќе биде употребено при истражувањето на Месечината во 2029 година.

Се работи за транспортер со шест тркала, кој ќе може да превезува две лица на оддалеченост од 10 000 километри, благодарение на соларна енергија и технологијата на горивни ќелии на Тојота.

Роверот ќе биде со големина како два минибуси, а неговата внатрешност ќе понуди 13 квадратни метри простор во кои без проблем ќе можат да престојуваат астронаутите, ќе можат дури и да ги соблечат своите вселенски одела.

Роверот ќе слета на Месечината пред доаѓањето на експедицијата на астронаутите и ќе патува независно до нивната локација.

Најавата доаѓа во време кога активно се истражува вселената. SpaceX активно се подготвува за своите мисии, а Кина неодамна стана првата земја која ја истражувашe темната страна на Месечината и ги откри плановите за станица за соларна енергија во вселената.

 

https://youtu.be/1kd2nFHAAtU

 

Слични написи

Најголемите железнички системи изградени во 2018 година

Biba

Апликацијата Клубхаус го привлекува интересот на обожавателите на социјалните мрежи, а ја користи и Елон Маск

dart

Новите уреди на HUAWEI претставени во Виена

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.