Здравје

Зошто мора почесто да јадете костени

Дали сте знаеле дека на костените им се удвојува калориската вредност со печење? Овие есенски плодови се печеле и се јаделе на улиците во Рим уште во XVI век.

Питомиот костен (Castanea sativa) е дрво од фамилијата буки и се карактеризира со со црвенкаско-кафеав плод. Ова јаткасто овошје расте претежно во јужните делови на Европа и во Средоземјето, а некои записи тврдат дека костенот е една од првите намирници кои ги косумирал човекот.

Намирница која заситува

Стотина грама печени костени содржат околу 245 калории, па затоа ги нарекуваме намирници со висока калориска вредност. Интересно е тоа што нивната калориска вредност се удвојува со термичката обработка и се зголемува количината на белковини и јаглени хидрати во плодот.

Намирница која не содржи глутен

Повеќе од 40% костенот содржи скроб, што го прави погоден за подготовка на пиреа, супи и други слатки и солени јадења. Со оглед на тоа дека не содржи глутен, им се препорачува на лица кои боледуваат од целијакија или од други причини се на безглутенска исхрана.

Намирница која ја поттикнува работата на цревата

Костените се одличен извро на прехранбени влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта и ја поттикнуваат перисталтиката, односно, гарантираат подобра и поредовна столица.

Намирница која ги зајакнува имунитетот и коските

Бакарот е минерал кој ја зголемува отпорноста на коските, помага во производството на црвените крвни зрнца, ја подобрува работата на нервите и го зајакнува имунитетот. Осумдесет грама костени задоволуваат една петина од потребите за бакар на организмот.

Намирница која ги чува бубрезите и срцето

Костенот е богат со калиум, фосфор, незаситени масти, па се препорачува на лица кои боледуваат од болести на срцето и кардио-васкуларни болести, но и на бубрежно болните. Освен тоа, костенот содржи и значајна количина на витамини А, B, и C, потоа манган, железо, калциум и магнезиум.

На што треба да внимавате кога купувате костени?

Бирајте плодови кои имаат сјајна површина и се без видливи оштетувања на лушпата. Кога ќе ги земете во рака, тежината треба да одговара на нивната величина. Избегнувајте костени кои звучат шупливо кога ќе ги протресете. Собраните или купени костени чувајте ги на темно и суво место.

Слични написи

Витамини и минерали кои ублажуваат настинка и грип

Biba

Зошто боли стомакот после удар во тестиси?

Biba

Пасивното пушење двојно го зголемува ризикот од дијабетес

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.