Здравје

Пасивното пушење двојно го зголемува ризикот од дијабетес

 

Поврзаноста на пушењето и дијабетесот е веќе позната. Научниците овој пат докажаа дека и пасивните пушачи се под огромен ризик од оваа болест.

Германскиот центар за дијабетес и центарот Хелмхолц, спровеле истражување коe покажало дека пасивното пушење го зголемува ризикот од заболување од опасниот дијабетес тип 2.

Научниците на 1351 лице направиле орален тест за толеранција на глукоза, тест кој се смета за главен стандард за дијагностицирање дијабетес.

Ниту еден од испитаниците немал дијабетес за време на тестирањето. Седум години подоцна, истите испитаници биле повторно тестирани. Кај пушачите се покажала добро познатата врска меѓу цигарите и дијабетесот, но изненадување била врската на непушачите со дијабетесот.

Имено, резултатите покажале дека пасивните пушачи кои биле изложени на чад од цигари дома или на работното место за време на првото тестирање, имаат двојно поголем  ризик да развијат дијабетес тип 2 од луѓето кои не биле изложени на цигари.

 

Слични написи

Најопасната естетска операција

dart

Како да се справите со нискиот притисок

Biba

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.