Автомобилизам

Треба ли да се загрее моторот на автомобилот пред тргнување?

Секој искусен возач знае дека во зима е правило моторот прво да се загрее неколку минути пред тргнување. Некои го оспоруваат ова тврдејќи дека е заоставштина од времето кога се возеле стари автомобили, а некои и понатаму седат десет минути во автомобилот кој работи во лер на паркинг. Кој е во право?

Главни аргументи на оние кои тврдат дека загревањето на автомобилот е излишно – е дека со тоа непотребно се троши гориво, се зголемува загадувањето (една студија од 2009 година покажала дека работењето на автомобилот во лер произведува 1,6% од вкупните емисии на гасови кои се одговорни за глобалното затоплување) и дека на автомобилите со директно вбризгување не им треба загревање за да функционираат нормално. Ова е и вистина – многубројните компјутери вградени во автомобилот можат да управуваат со ладниот мотор многу подобро, така што може да се каже дека единствениот резултат од работењето на автомобилот во лер е што ќе го претвори горивото во издувни гасови.

Од друга страна пак, ова е само дел од она што се случува во незагреаниот мотор кога е ладно. На ниски температури маслото се згуснува и тече кон најнискиот дел – картерот. На тој начин, маслото не само што е далеку од механичките делови кои треба да ги подмачка туку и патот до нив му е отежнат, бидејќи пумпата треба да го достави маслото со драстично зголемена густина заради ниската температура. Може да се каже дека кога не е загреан, во првите неколку минути моторот работи без подмачкување. Недоволното подмачкување е главната причина за абење на подвижните делови на моторот.

Од сето наведено, може да се заклучи дека е помудро да се загрее автомобилот неколку минути пред возењето, посебно во зима. На овој начин течностите ќе поминат низ моторот и ќе ги подмачкаат сите делови на кои тоа им е потребно. Се разбира, треба да се избегнува нагло забрзување и возење при висок вртеж. На тој начин моторот најбезболно ќе постигне работна температура.

Слични написи

Тјунирана Honda S2000 со повеќе од 500 коњски сили

Biba

Lightyear One – електричен автомобил кој ги полни батериите и на сонце

Biba

Макс Верстапен маестрално во Мајами

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.