Сцена

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

Режисерот на серијалот за Џејсон Борн, Пол Гринграс, реши да ја екранизира приказната за Андерс Брејвик и убиствата што ги изврши на островот Утоја во Норвешка на 22 јули 2011 година.

Брејвик во 15 часот и 26 минути ја поставува бомбата во квартот Regjeringskvartalet, во близина на канцеларијата на премиерот Јенс Столтенберг и други државни институции. Во експлозијата загинаа 8 луѓе, а неколку се повредени. Потоа облекува униформа на полицаец и оди на островот Утоја каде што се одржувал политички камп на млади социјалдемократи. Околу 17 часот почнал да пука во младите и убил 69 лица, а неколку ранил.

Брејвик по завршувањето на неговиот убиствен поход е уапсен и осуден на 21 година затвор, која може да биде продолжена доколку надлежните проценат дека е потребно и дека и понатаму е опасен за општеството.

Бил член на масонската ложа, но по подигнување на обвинението е отстранет.

Седум години подоцна е снимен филмот за најстрашното случување во поновата историја. Пол Гринграс говори за самата катастрофа, за трагедиите, преживеаните, норвешкиот политички систем и за адвокатите што работеа на случајот.

Освен на Брејвик, акцентот паѓа и на студентот Вилјар Хансен кој е погоден 5 пати, но успева да преживее и да закрепне, а подоцна да сведочи против својот крвник.

“Филмот не е за нападот, туку е приказна за тоа како Норвешка се избори за својата демократија. Стотина преживеани дојдоа на суд и го соочија Бревик со идеализмот, личните чувства и достоинството. И го победија”, изјави режисерот.

Во филмот глумат норвешки артисти, но е на англиски јазик.

Премиерно ќе биде прикажан на Нетфликс.

Слични написи

Сурогат мајка ќе им го роди четвртото дете на Ким Кардашијан и Канје Вест

Biba

Речиси непрепознатлива – Адел на забавата по доделувањето на наградата Оскар

Biba

Џенифер Лопез е прогласена за модна икона за 2019 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.