Автомобилизам

Opel најавува повлекување на моделите Adam, Karl и Cascada

Управата на автомобилскиот гигант Opel излезе со информација дека до крајот на 2019 година поради реструктурирање во производството, од понудата ќе ги повлече моделите Adam, Karl и Cascada. Како компензација на повлечените модели до 2020 година се очекува појавување на 8 нови модели, меѓу кои ќе бидат и редизајни на некои од актуелните модели.

Исто така се најавува појавување на нова генерација на моделите Vivaro и Corsa, хибридна верзија на Grandland X и Corsa, и наследникот на актуелниот Mokka X.

Навестуваат дека до крајот на 2020 година на пазарот треба да се појават 4 електрични модели, а до 2024 година секој нивен сериски автомобил треба да има електрична верзија.

Слични написи

Новиот Volkswagen T-Cross

admin

Honda Civic Type R не е веќе кралот на Нирбергринг

Biba

Сè поизвесно е појавувањето на SUV од Bugatti

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.