Автомобилизам

Honda Civic Type R не е веќе кралот на Нирбергринг

 

Досегашниот најбрз продукциски автомобил со погон на предните тркала на патеката Нирбергринг, Honda Civic Type R, е симнат од тронот. Досегашното време од 7 минути и 43,8 секунди што го имаше досегашниот носител, е заменет со ново, и тоа 7 минути и 40,1 секунда од Renault Megane RS Trophy-R.

Renault Megane RS Trophy-R официјално ќе биде претставен на 24 мај, во тајминг на Формула 1 трката во Монако.

Новата верзија е со намалена тежина за 150 килограми, и понатаму го придвижува четирицилиндричен 1,8-литрен турбо мотор од верзијата Trophy, кој испорачува 300 коњски сили и 400 њутн метри најголем вртежен момент.

Од спортската дивизија на Рено изјавија дека ќе бидат понудени само стотина примероци од Renault Megane RS Trophy-R.

 

Слични написи

Шкода го претстави најновиот SUV – Kamiq

Biba

Porsche Carrera GT преработен во тјунинг компанијата Gemballa

Biba

Škoda Scala ја освои престижната награда „Red Dot“ за 2019 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.