Сцена

Каја Гербер, вистинска наследничка на својата мајка

17 годишната Каја Гербер ги освојува светските модни писти. Го следи патот на својата мајка Синди Крофорд, модна икона на деведесеттите.

Каја Гербер веќе долго е во светот на модата, иако сè уште не наполнила 18 години. Целиот тој успех се должи на упорноста и поддршката на нејзината мајка, но да не ја заборавиме и упорноста и убавината на Каја.

Убавата Каја прв пат во светот на модата се појави во реклама за Young Versace кога имаше само 10 години, а првата насловна страна ја имаше во Vogue Paris на 14 години. После тоа продолжија појавувања на насловни страни во многу други модни магазини. До сега беше дел од многу модни куќи како Alexander Wang, Mochino, Miu Miu.

Минатата година се прошета по пистата во New York, а учествуваше и на Paris Fashion Week. Од скоро е ангажирана од YSL Beaute, и наскоро ќе ја има првата кампања за кармин, Rouge Volupte Shine, кој ќе биде претставен во јануари следната година.

Слични написи

Анџелина Џоли се враќа во Maleficent: Mistress of evil

Biba

Моника Белучи преговара за учество во продолжението на „Јужен ветер“, Вилијам Болдвин потпиша договор

dart

Кијану Ривс е новото заштитно лице на модната куќа Ив Сен Лорен

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.