Гастрономија

Како лебот долго да остане свеж и да не се рони

Никој не сака да јаде леб и бели печива „од вчера“. Кога ги купуваме во пекара, обично ги прашуваме продавачите дали се свежи од истиот ден.

Во продавниците свежината се проверува со „допирање“ или притискање на лебот, па така во секоја продавница ќе видите таканаречени „професионални пипачи“, обично постари луѓе кои со оваа техника проверуваат десетици лебови пред да купат.

Ако по притискање тестото брзо се врати во првобитната состојба – свежо е. Ако остане „срамнето со земја“, подобро е да се заобиколи.

Кога месите леб дома, сигурно сте забележале дека тој старее побрзо и станува ронлив во споредба со лебот од пекара, но која е тајната?

Каква состојка додаваат пекарите за тестото да остане долго време свежо и меко како памук?

Трикот е во една неочекувана состојка, а тоа го знаат само професионалците.

– Рокот на траење на пекарските производи, лебот, мафините и колачите можете да го продолжите со додавање на една лажица мед во тестото. Благодарение на оваа тајна состојка, мафините, земичките и лебот остануваат долго време свежи и не се распаѓаат – објаснува професионален готвач од „Haggis Pub & Kitchen“.

Слични написи

Брзо непечено колаче со путер од кикирики и чоколадо

Biba

Плескавици од тиквици и пармезан потпечени во рерна

Biba

Едноставна густа супа од домати и босилек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.