Автомобилизам

Renault Megane RS заминува во историјата

Renault донесе одлука да го прекине производството на Megane RS следната година и да го предаде во историјата.

Ова не се само шпекулации, бидејќи информацијата ја потврди генералниот директор на Renault во Австралија, Глен Сили, кој за австралискиот магазин Drive изјави дека одлуката е донесена поради намалувањето на побарувачката за возила со високи перформанси со конвенционален погон.

„Megane RS завршува следната година. Во моментов не можам да кажам точен датум, но производството дефинитивно нема да продолжи по следната година. Побарувачката за моќни хечбек модели во Европа слабее. Замена може да биде електричен автомобил, што има смисла“, рече Сили.

Читајќи меѓу редови, Renault веројатно работи на помоќна верзија на моделот Megane E-Tech која би ја имала моќта и перформансите на Megane RS. Моментално најмоќниот Megane развива 218 КС и 300 Nm вртежен момент, а од 0 до 100 km/h забрзува за 7,4 секунди. Megane RS во верзијата Trophy е придвижуван од 1,8-литарски турбо мотор, кој испорачува 300 КС и 420 Nm вртежен момент, па има простор за подобрување.

Иднината на моќните хечбек модели со мотори со внатрешно согорување е неизвесна, а се очекува Renault да ја претстави последната и нумерички ограничена верзија на моделот, која ќе го испрати Megane RS во историјата.

Слични написи

Brabus 900 XLP – ѕверот со речиси 900 КС

dart

Русите не престануваат да изненадуваат

Biba

Осмата генерација на Volkswagen Golf доживеа светска премиера

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.