Здравје

Златен еликсир што го фрламе

Чајот од свила од пченка е еден од најсилните природни диуретици. Го стимулира излачувањето на урината и бактериите од телото, поради што е многу корисен при воспаление на мочниот меур и уринарни инфекции, како и за камења во бубрезите.

Ја забрзува циркулацијата на крвта во телото и го намалува таложењето на вода во зглобовите, а помага и при слабеење и предменструални проблеми. Добар е и како средство за детоксикација кое ја олеснува работата на црниот дроб, а ја намалува и болката во зглобовите која е последица на ревматски заболувања.

Како да направите чај од пченкарна свила?

Една кафена лажичка добро исушена пченкарна свила се прелива со топла вода, се остава да отстои неколку минути, се цеди и се пие најмногу два до три пати на ден. Чајот не се препорачува неколку часа пред да си легнете Не ја сушете пченкарната свила сами ако не сте сигурни дали во производството се користени штетни состојки како пестициди. Исто така, свилата од пченка која не е добро исушена ги губи своите лековити својства и не се препорачува да се користи за чај.

Кога нема свежа пченка, можно е да се купи готов чај од пченкарна свила во продавниците за здрава храна. Треба да сварите две лажички пченкарна свила во три децилитри вода, да се остави покриено пет минути, да се процеди и да се пие без никакви засладувачи.

Слични написи

Колку се штетни газираните сокови

Biba

Сообраќајната бучава е штетна за здравјето

Biba

Децата на мајките кои консумирале канабис може да бидат анксиозни, агресивни и хиперактивни

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.