Технологија

Xiaomi го претстави новиот Mix Fold 2

Вчера во Кина Xiaomi го претстави наследникот на минатогодишниот Mix Fold со можност за преклопување – Xiaomi Mix Fold 2. Овој телефон пристигнува со импресивен дизајн и спецификации.

Mix Fold 2 е еден од најтенките телефони што се преклопуваат, со димензии од само 4,5 mm кога е расклопен и 11,2 mm кога е преклопен, вклучувајќи го и делот кај камерата. Телефонот тежи 262 грама и има шарка направена од комбинација на легура и јаглеродни влакна.  

„Предниот“ екран е AMOLED дијагонала од 6,56“, со однос 21:9. Доаѓа со поддршка за стапка на освежување од 120 Hz и заштита од Gorilla Glass Victus. На горниот дел од екранот има дупка со предна камера од 20 MP.

Кога телефонот ќе се отвори, тогаш добиваме 8-инчен LTPO2 OLED екран со резолуција од 1914 x 2160 пиксели и променлива стапка на освежување од 1-120 Hz. Максималната осветленост на екранот е 1300 nits, а има и поддршка за HDR10+ и Dolby Vision.

Ова е втор телефон на Xiaomi кој пристигнува со камери оптимизирани за Leica. Главниот сензор на телефонот е Sony IMX766 од 50 MP со поддршка за OIS. Телефонот доаѓа со Leica автентични и живописни стилови на фотографирање и еден куп Leica филтри. Покрај овој главен сензор за камера, Mix Fold 2 има и ултраширок сензор од 13 MP и телефото сензор од 8 MP со 2x оптички зум.

Xiaomi Mix Fold 2 има батерија од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W.

Телефонот е опремен со чип Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 и се испорачува со кориснички интерфејс Android 12 и MIUI Fold 13.

Доаѓа во две бои – црна и златна. Цените на Xiaomi Mix Fold 2 започнуваат од 8.999 CNY, што е околу 1.340 долари за моделот 12/256 GB и одат до 11.999 CNY, што е околу 1.780 долари за моделот 12 GB/1TB.

Слични написи

Flying-V, концепт кој ќе ја смени досегашната перцепција за патнички авион

Biba

Форд креираше куќичка за кучиња која ги блокира надворешните звуци

Biba

Apple хакиран од 16 годишно момче

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.