Технологија

Apple хакиран од 16 годишно момче

Во период од две години, 16 годишното момче од Мелбурн, Австралија, успевал да влезе во главниот систем на Apple и да ископира локално на својот компјутер осетливи податоци. Датотеката ја нарекол “Hacky Hack Hack”.

Наместо затворска казна, одредена му е условна казна во времетраење од 8 месеци.

Овој тинејџер, со изразена дарба за информатичка технологија, денес е 19 годишен студент кој студира криминалистика и сајбер безбедност.

Момчето чиј идентитет не е објавен јавно од правни причини, неколку пати го хакирал системот на Apple од едноставна причина: голема желба да работи за нив. Во неколку наврати успевал да симне локално на својот компјутер податоци од речиси 1 терабајт. ФБИ за инцидентите ја известил австралиската полиција која извршила претрес на неговиот дом, го запленила неговиот компјутер, и утврдила дека мрежната адреса на компјутерот е иста со таа што е пријавена во системите на Apple како натрапник.

Сепак момчето не е осудено на затворска казна од причина што, како што наведува судијата, податоците не ги користел за стекнување на лична корист и не се фалел јавно за хакерскиот потфат.

Момчето своите вештини ги усовршува на факултет за информатика, и најверојатно некоја од водечките информатички компании ќе му понуди да биде дел од нивниот тим.

Слични написи

Пронајди и резервирај летови брзо и едноставно на Petal Search

dart

Ќе се укинe ли зимското и летното сметање на времето

admin

Најголемата зграда испечатена со 3Д печатач е во Дубаи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.