Убавина

Нега на сува и дехидрирана коса

Исто како и кожата, и косата треба да биде заштитена од агресивното сонце кое го напаѓа надворешниот слој на кутикулата. Исушена од неговите зраци, станува подложна на кршење, а врвовите на косата пукаат и се одвојуваат. Оштетената кутикула повеќе не го заштитува влакното, а УВ зраците слободно го напаѓаат кортексот, срцето на косата. Водата што ја содржи косата испарува, кератинот ги губи своите протеини, а меланинските пигменти се менуваат.

Шампонирање
Пред сè, косата треба да се измие со млака вода со благ шампон. Во зависност од должината, дозирајте ја количината на шампон. Околу една минута масирајте го скалпот на главата за да ја подобрите циркулацијата. Има голем избор на шампони кои го надоместуваат изгубениот сјај на косата и ја хидрираат. Важно е добро да го исплакнете шампонот, инаку многу лесно ќе добиете првут.

Обновување на косата
На измиената коса сега ѝ е потребна рехидратација и длабинска исхрана за да се зајакне заштитниот слој и да се затворат врвовите на влакното. Без разлика дали се плакнат или не, производите за обновување на косата треба да отстојат некое време. Не ја тријте грубо косата по миењето, туку завиткајте ја во пешкир и почекајте неколку минути, а косата мијте ја два до три пати неделно, бидејќи почестото миење придонесува уште повеќе за нејзиното сушење.

Слични написи

Зошто предвреме ни побелува косата?

Biba

Кремасти бронзери за заводливо лице

Biba

Морската сол е корисна за здравјето, кожата и косата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.