Гастрономија

Крем од лимон и капини

 

Потребни состојки:

3 јајца

280 г шеќер

60 г пченкарно брашно

сок и рендана кора од 3 лимони

850 мл вода

250 г капини

Начин на подготовка:

  1. Јајцата, 250 г шеќер, пченкарното брашно и изренданата кора од 3 лимони ставете ги во сад и изматете ги да добиете цврста смеса.
  2. Смесата претурете ја во тенџере, додајте го сокот од трите лимони и 750 мл вода.
  3. Загрејте ја смесата на средна температура со постојано мешање дa почне да врие.
  4. Кога ќе почне да врие тргнете го тенџерето од шпорет и смесата прецедете ја низ цедалка во сад за сервирање или во поединечни чашки, и ставете ги во фрижидер.
  5. Од капините тргнете на страна една рака за сервирање, а останатите заедно со 30 г шеќер и 100 мл вода ставете ги во мало тенџерче на шпорет.
  6. Нека проврие 5 минути додека овошјето да омекне и тргнете го да се олади.
  7. Лимоновата крема послужете ја декорирана со сварените и со свежите капини.

На здравје!

 

Слични написи

Ролат со мармалад

Biba

Супербрзо фокача лепче

Biba

Индиски лепчиња (наан) со лук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.