Здравје

За што се корисни кајсиите и кој не треба да ги јаде

Одлични се за цревата и метаболизмот

Кајсиите содржат голема количина антиоксиданси кои се клучни за зајакнување на имунитетот и намалување на оксидативниот стрес – сето тоа влијае на посилната способност на организмот подобро да се заштити од инфекции, воспаленија, но и од посериозни болести.

Тие се исклучително хранливи, а освен што го подобруваат варењето, многу се корисни и за очите

Содржат голема количина витамини и минерали, а притоа имаат и екстремно малку калории. Две свежи кајсии (70 грама) содржат: многу малку калории (само 34), само 34,8 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини, многу малку масти, 4 проценти калиум, малку влакна, и витамини А, Ц и Е.

Покрај тоа, тие содржат бета каротин, лутеин и зеаксантин, моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес.
Исто така, не е занемарлива количината на растителни влакна, кои благотворно делуваат на цревата и на целиот дигестивен систем.

Најдобро е да се јадат цели и нелупени, но претходно треба добро да се измијат.

Внимание – кајсиите имаат висока содржина на калиум

Кајсиите се богати со калиум, минерал кој служи и како електролит. Тој е одговорен за испраќање нервни сигнали, регулирање на мускулните контракции и за балансот на течности. Две кајсии (70 грама) обезбедуваат 181 мг од овој минерал, што е 4% од дневните потреби. Бидејќи калиумот тесно соработува со натриумот за одржување на балансот на течности, адекватниот внес може да помогне да се спречи надуеност и да се одржи здрав крвен притисок.

Една анализа на 33 студии покажала дека исхраната богата со калиум значително го намалува крвниот притисок и резултира со 24 проценти помал ризик од мозочен удар. Сепак, важно е да се напомене дека луѓето кои имаат кардиоваскуларни проблеми или проблеми со бубрезите не треба да јадат премногу од ова овошје, а најдобро би било целосно да го избегнуваат. Особено ако примаат редовна терапија.

Слични написи

Колку долго се задржува алкохолот во организмот

Biba

Откриен е нов центар за болка во мозокот

admin

Поставен нов рекорд за породување по природен пат

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.