Автомобилизам

Електричниот прототип Polestar 5 доаѓа на Фестивалот за брзина во Гудвуд

Сериското издание на одговорот на Polestar на слично замислените модели на Tesla, Porsche и Audi нема да биде готово пред 2024 година.

Меѓу моделите што публиката ќе може за првпат да ги види на претстојниот фестивал на брзината во Гудвуд ќе биде и прототипот Polestar 5 на електричен погон, кој ќе биде подготвен за производство во 2024 година.

Одговорот на Polestar на Tesla S, Porsche Taycan и Audi E-Tron GT во голема мера се заснова на претходно претставениот концепт модел Precept, а Polestar веќе потврди дека сериската верзија на „Five“ чиј погон останува обвиен во тајност нема многу да се разликува од прототипот кој се крие зад маскирна фолија.

Покрај прототипот на електричен погон, шведската автомобилска компанија на Фестивалот за брзина ќе го изложи неодамна претставениот Polestar 2 BST Edition 270 чии електромотори произведуваат 476 коњски сили и 680 Nm вртежен момент.

Слични написи

Можеби најмалиот пикап на светот

Biba

BMW M5 G-POWER ѕвер од 800 КС

admin

Ленд Ровер Дифендер со В8 мотор од Корвета

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.