Автомобилизам

Brabus 900 XLP – ѕверот со речиси 900 КС

Кога сакате да направите импресивен SUV уште поекстремен, тогаш најдобро е да се свртите кон експериментите на Brabus.

Овој пат фокусот е ставен на AMG G63, кој повеќе не е SUV, туку пикап. Ако ви се чини дека доживувате дежа ву, тоа веројатно се должи на фактот што Brabus го претстави моделот 800 Adventure XLP на почетокот на 2020 година. Сепак, „дивиот“ пикап сега се врати и помоќен од порано, бидејќи неговиот претходник разви „само“ 789 КС.

Сепак, сега волуменот на моќниот V8 мотор е зголемен на 4,4 литри, а отстранети се двата стандардни турбополначи за да бидат заменети со нови од Brabus. Беше инсталиран и нов издувен систем, не строго за да се извлече поголема моќност, туку поради фактот што конверзијата на пикапот бараше проверка на меѓуоскиното растојание. Благодарение на модификациите на моторот, пикапот сега развива 888 КС и 1.250 Nm вртежен момент, но тој е електронски ограничен на 1.050 Nm за да се заштити погонот.

G63 сега забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди и достигнува максимална електронски ограничена брзина од 210 km/h. Брзината е ограничена поради гумите за сите терени, а тоа се масивни гуми Pirelli Scorpion ATR со димензии 325/55 R22 поставени на 22-инчните бандажи на Brabus со црвени детали.

Brabus 900 XLP е подготвен за сите терени благодарение на растојанието од земјата од 49 см. Каросеријата е проширена за 11,6 cm, додека вкупната должина е зголемена за 68,9 cm на 5,31 m. Винчот може да повлече 4.500 кг товар.

Очекувано, Brabus 900 XLP „One of Ten“ чини вистинско богатство, неговата цена е 658.625 евра.

Слични написи

Премиерно прикажување на новата Lada X-ray Cross

admin

Тесла Модел 3 е најпродаваниот електричен автомобил на сите времиња

Biba

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.