Спорт

Тоти му даде големо ветување на Дибала доколку потпише за Рома

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, вети дека лично ќе му го предаде дресот со број 10 на Пол Дибала доколку аргентинскиот фудбалер дојде во римскиот клуб ова лето.

На Дибала му истече договорот со Јувентус и тој стана слободен играч, а најсериозни кандидати за неговиот потпис се Интер и Рома.

„Не сме разговарале за тоа, но има уште време. Ќе се обидам да го убедам да дојде во Рим. Би сакал да му го дадам бројот 10 доколку дојде во Рома, но јас не одлучувам“ – изјави Тоти.

Тоти собра 786 настапи во 25 сезони во дресот на првиот тим на Рома, постигна 307 гола и освои пет трофеи.

Слични написи

Парижаните ја одбија првата понуда од Барселона за Нејмар

Biba

Новак Ѓоковиќ по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот

Biba

После 12 години во Баерн, Рибери заминува

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.